Испечати

Шарлота со боровинки

Шарлота со боровинки

Состојки

  • За пандишпан-ролат
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици зовриена вода
  • 120 гр брашно
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • За фил
  • 75 гр шлаг
  • 220 мл млеко
  • 250 гр маскарпоне
  • 150 гр боровинки
  • 50 гр малинки
  • 80 гр шеќер
  • 5 листови(12гр) желатин

Подготовка

Подготовка на ролатот.
1. Матете ги јајцата со шеќерот, додадете ја водата и продолжете со матењето додека не се добие пенеста смеса (окулу 5 мин.).
2. Додадете го брашното и пецивото и со најмала брзина на миксер кратко измешајте да се соединат.
3. Смесата турете ја во плех (30х40) обложен со хартија. Се печи на 180-190 степени 15 минути.
4. Пандишпанот заедно со хартијата ставете го на влажна крпа и завиткајте ролат.
5. Оставете го да лади 15 минути, потоа одвиткајте го и отстранете ги крпата и хартијата. Намачкајте го со мармаладот и повторно завиткајте ролат, и оставете го целосно да олади.

Подготовка на филот.
1. Желатинот ставете го во ладна вода да омекне.
2. Во тенџерче ставете ги боровинките и малинките и испасирајте ги. Потоа додадете ги шеќерот и водата, и ставете ги да варат 5-6 минути. Тргнете ги од оганот и во оваа смеса додадете го желатинот. Оставете ја да олади.
3. Изматете го шлагот со млекото, додадете го маскарпонето и измешајте да се соедини. Додадете ја оладената смеса со боровинки (може да биде и млака) и убаво измешајте.

Филовање.
1. Ролатот исечете го на парчиња широки окулу 1 см (28 парчиња).
2. Во калап (30х11) обложен со најлонска фолија наредете парчиња од ролатот на дното и по страните.
3. Во средината истурете го филот, покријте го со останатите парчиња од ролат, и оставете го да се стегне неколку саати (најдобро преку ноќ) во фрижидер.
4. Тортата превртетеја на соодветна подлога за торти. Отстранете ја фолијата и украсете ја тортата по желба.