Греени феферонки
Состојки
- 2 кгр. феферонки
- 1 л. вода
- 100 мл. зејтин
- 100 гр. сол
- 50 гр. шекер
- по ваш вкус магданос и лук
- 500мл алкохолен оцет
Подготовка
1. Магданосот и лукот исекцкајте ги и заедно измешајте.
2. Феферонките во поклопена тавка на рингла или во рерна само кратко ги подпечете колку да омекнат, а за тоа време во тенџере ставете да провријат водата, 500 мл. алкохолен оцет, солта и шеќерот и оставете малку да олади.
3. Врели феферонките прелијте ги со зејтинот, додајте веднаш исецканите магданос и лук, залијте со малку оладениот пресол, измешајте и оставете да постојат околу 5 минути, па полнете ги теглите.
Затворете ги со капачките теглите, бидејки се сеуште топли завиткајте ги оставете до нареден ден, а потоа, правец подрум. Капачките добро се вакумирале доколку сте ги добро и затвориле.
Тоа е тоа! Кратко и јасно.
Јас вака припремам сомборката феферонка која ја гледате на фотографијата. Оваа врста на пиперки има убав вкус.