Чорба од срце и бел дроб
Состојки
- 1јунешко срце
- 500гр бел дроб
- 3-4 моркови
- 1главица целер-керебис
- 1 пашканат
- 5-6листови ловор
- 1 компир
- 2лажици зачин
- 1/2лажичка црн бибер
- 1чешне лук
Подготовка
Срцето убаво се мие, се сече на пола за да се измие внатрешниот дел поради крвта во коморите, исто се мие и белиот дроб-џигер. Се налева срцето со вода и се става да се вари. Срцето е потврд мускул и му треба малку повеќе време околу 60-80 минути. Дробот се вари и се сецка на коцки. Одкако ќе зоврие срцето првата вода се истура и се налева со друга и кон водата се додава коренот од целер, ловорот, морковите, пашканатот. Се остава да вари и кон крајот се додава и компирот.
Одкако ќе се свари водата се цеди, а зеленчукот заедно со срцето се сецка на коцкички. Во друг сад каде што ќе се вари чорбата се налева половина од исцедената вода, се додава сецканиот зеленчук, нови листови ловор, сецканото лукче, срцето и дробот.
Се става на оган да зоврие и кон чорбата се додава ситно испасираниот компир и листовите од целерот, зачинот и врие околу 10 минути па се трга да се подолади. Чорбата се служи или со оцет или со павлака се разбира секој по свој вкус. Ако се решите да го пробате овој рецепт не изоставувајте го целерот затоа што тој е цар во сите чорби тој му дава полнотија на вкусот.
Ова за некого е малку необична чорба но верувајте многу е вкусна.