Шампињони и пилешки стек во сос од павлака
Состојки
- 500гр шампињони
- 1главица кромид
- 500гр пилешки стек
- 400гр кисела павлака
- 3-4 листови ловор
- 1/2лажичка црн бибер
- 1лажичка сенф
- 1коцка за супа или 1лажица зачин
- 1лажица брашно
- 1лажица свеж рузмарин
- 1лажица магдонос ситно сецкан
Подготовка
Кромидот се сецка ситно и се пржи на зејтин. Одкако убаво ќе се испржи се додава стекот исецкан на покрупни парчиња и се динста некое време. Се додава и ловорот а потоа и печурките. Ако печурките се свежи се сечат на ленти, а ако се маринирани се сечат само на пола. Целата смеса се динста околу 10 минути со постојано мешање, а потоа се додава една лажица брашно. Се пржи и брашното, па се налева павлаката. Убаво се меша и му се додава зачинот, сенфот и се остава да врие околу 5 минути. На крај се става ситно сецкан рузмарин и магдонос по вкус.
Овој сос има богат вкус и може да се користи како самостоен оброк или како прилог кон печени меса. Обично го има на нашата трпеза околу празниците кога редовно останува од печењето, па вака се искористува .