Испечати

Француски киш со јаболки и прелив

Француски  киш со јаболки и прелив

Состојки

  • Тесто
  • 125 грама бело брашно
  • 125 грама интегрално брашно од камут
  • 150 грама путер
  • 75 грама шеќер во прав
  • Фил
  • 1 килограм јаболка
  • 200 грама шеќер
  • 1 стапче ванила
  • 1,5 лажичка цимет
  • Прелив
  • 50 грама шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 = 200 мил. павлака од ориз

Подготовка

Тесто
Од брашното, путерот и шеќерот во прав се меси тесто.
Се остава во ладилник 30 минути.
Тепсијата се обложува со хартија за печење.
Тестото се става во тепсијата во саканиот облик, со дебелина од 5-10мм и се рамни со лажица. Се пече на 200 степени 15 минути.
Се остава печеното тесто да се излади и се сече четири еднакви дела.

Фил
Околу 800 грама излупени јаболки се сечат на коцки, се додава 200 грама шеќер, стапчето ванила и се динста за да се добие кашеста смеса.
На крајот се додава циметот.
Смесата се лади и се филуваат четирите дела од тестото со смесата од јаболка ( како торта )
Остатокот од излупените јаболка се сече на листови и се распоредува преку последниот фил.
Кратко се запечува во рерна ( 2-3 минути ) на 250 степени.
Изладениот киш се прелива со прелив.

Прелив
Се карамелизира 50 грама шеќер, се додава една кесичка ванилен шеќер и павлака и кратко се вари.
Питата се прави еден ден пред да се послужи.

Тестото е лесно кршливо, но многу вкусно, треба да се биде внимателен..иако се може да се поправи..залепи со филот..
Порано ја јадевме често, а сега скоро го видов повторно рецептот во некое списание.
Инаку може да се послужи со топка сладолед или слатка павлака.