Испечати

Машнички со свински врат и мак

Машнички со свински врат и мак

Состојки

  • 250 гр тестенини во вид на машнички
  • 150 гр свински врат
  • 200 мл неутрална павлака
  • 1 лажица мак
  • малку масло

Подготовка

1. Ставете ги машничките во зовриена вода да варат окулу 10 минути.
2. Во меѓувреме, исечете го свинскиот врат исечете го на ленти и запржете го на малку масло.
3. Потоа, додадете ги неутралната павлака, макот, солта, биберот и окулу 80 мл од водата во која вареле машничките. Додадете ја тестенината и измешајте убаво.
4. Нека се варат уште 2-3 минути.
5. Сервирајте ги во чинија наросени со пармезан и украсени со магдонос.

Машничките можете да ги заменете со други тестенини како шпагети, макарони, таљијатели или сл. А свинскиот врат со други сувомеснати како пршута, месната сланина, печеница или сл.