Испечати

Пита од свежи смокви

Пита од свежи смокви

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • фил со јајца
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл масло
  • 150 гр брашно
  • 1 пециво
  • фил со смокви
  • 1 кг свежи смокви
  • 10 лаж шекер
  • 3 лаж презла
  • 2 ванили
  • шекер во прав за посипување

Подготовка

Нели е сезона на смоквите, а кај нас ги има колку ти душа сака, па редно е да направам нешто да ги искористиме додека ги има свежи.
Питава е грчка, но единствено нешто различно од тамошната подготовка е тоа што таму корите ги сукаат сами, па кој си знае може да си исука дома кори.

Смоквите се сечат на четвртинки, ако се помали на половина, се стават во сад им се додава шеќерот, презлата и ванилата,  се промешуваат и се остава на страна. Во друг сад се разматуваат јајцата со рачна маталка, им се додава јогуртот, маслото, брашното и пецивото.
Се земат 2 кори, се стават една врз друга и се премачкуваат со 4 лажици од филот со јајца, се покриваат со 1 кора и на едниот раб се става од филот од смокви, па се мота ролат. Постапката се повторува со сите кори.
Се редат во долгнавест плех и се премачкуваат со остатокот од филот со јајца.с Се пече питата на 220 с додека да порумени околу 20-30 минути. Оладена се сече на ленти и се посипува со шеќер во прав.