Полнети урми
Состојки
- 500 г урми
- 200 г шеќер
- 500 мл млеко
- 8 лажици гриз
- 4 лажици брашно
- 100 г маргарин
- 1 чоколадо
Подготовка
Стопете го шеќерот во тенџере, да стане карамел. Додајте го млекото, продолжете со варење со постојано мешање, додека се растопи шеќерот. Брашното измешано со гризот и со малку млеко, додајте го во млекото, па продолжете да варите со постојано мешање, додека згусне. Тргнете го садот на страна, додајте го маргаринот и промешајте да се растопи. Оставете да се излади.
Со ова полнете ги урмите исечетени на пола (не до крај, само колку да ја извадите семката).
Одозгора премачкајте ги со топено чоколадо или чоколадна глазура.
Моите дома не сакаат со чоколадо, па затоа овде нема.