Tарана со гриз
Состојки
- 3,5 кг брашно
- 1,5л јогурт
- 10 јајца
- 500гр гриз
- 2лажици сол
Подготовка
Брашното се просејува низ сито и се меша со гризот. Јајцата се матат со вилушка и се мешаат со јогуртот, па се замесува тараната. Тестото треба да е тврди и потешко се меси затоа од целото тесто се кинат помали топки кои полесно се изработуваат. Топките се редат во тепсија и се покриваат со газа да одморат додека се наместат на место за сушење. Со ренде или дрман се трие (се ренда) тараната-на покрупната страна и тоа во еден слој за полесно да се исуши. Ако се ренда едно над друго тогаш се лепи и се губи обликот. Тараната се остава да се суши два-три дена и потоа се собира во платнени торбички или лимени кутии.
При сушењето потребно е да се покрие со газа или стара завеса да се заштити од прашина и тараната се прави кога е потопло времето затоа што треба убаво да се исуши.
Одкако ќе се просуши убаво се трие меѓу раце за да се иситни. Домашно си е домашно и убаво е да се има ваква залиха дома.