Овошен колач со јогурт и праски
Состојки
- 3 јајца
- 2 чаши(200гр) шекер
- 1чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 3 шолји брашно
- пола пециво
- 2 праски
Подготовка
Изматете ги јајцата, шеќерот, јогуртот и маслото, потоа додадете го брашното, пецивото и измешајте со лажица.
Земаме плекче бр.24 го обложуваме со хартија. Праските ги сечеме на кришки и ги редиме на дното на плекчето. Одозгора ја сипуваме смесата за колачот израмнуваме и печеме на 180 степени околу 35 минути.
За мерење на состојките(чаши)можете да го користите и канчето од јогурт.