Испечати

Бабина топенца

Бабина топенца

Состојки

  • 1кг брашно
  • 1/2л вриена вода
  • 1лажица сол
  • 1лажичка сода бикарбона
  • 200гр свинска маст
  • 250гр сирење

Подготовка

Водата се става да зоврие. Брашното се меша со содата и солта и се замесува со врелата вода. Прво се меша со лажица бидејки е врело, а потоа тестото се изработува со раце. Од тестото се кинат топчиња околу 20 и од секое топче се расукува кора. Секоја коричка се намрсува и се редат една врз друга. Последната кора не се мачка и со сукало се прави кора колку тепсијата(од малечките корички) и се става во тепсија да се пече додека не поцрвене. Се ваѓа од рерна и со помош на две вилушки се кине топенцата на поситни или покрупни парчиња по желба.
Салото се става да се загрее, да зоврие и се попарува топенцата, па убаво се меша. Кон топенцата може да се додадат ситно сецкани чварки-џимиринки и рендано сирење.
Ова е еден од најстарите бабини рецепти кој и денес често се среќава, а моите додека беа малечки го викаа чипсот од баба.