Испечати

Брускети за вљубени

Брускети за вљубени

Состојки

  • 10 големи цели маринирани шампињони
  • 10 тенки парчиња ајдамер
  • 10 тенки кругови кулен
  • 1 багет
  • 10 шери домати
  • 10 мали коцки фета сирење
  • 1 путер
  • 10 црни маслинки без семка
  • 1 маслиново масло
  • 1 лук во гранули
  • 1 вегета

Подготовка

Багетот се сече на тенки кругови со дебелина од половина сантиметар.Секое парче се премачкува со путер и се посолува со вегета и лук во гранули.Печурките,маслинките и куленот исецкан на коцкички се пржат на маслиново масло околу 7 мин.Врз секој круг се става од смесата што се пржеше,па потоа се додава фетата во ситни коцки и претходно исецканите на коцки шери домати.На крај врз секоја брускета се ставаат тенки ленти ајдамер.Се печат во тава во загреана рерна на 200 С околу 5 мин.Се сервираат со сос по желба(тартар сос,доматно пире со зачини,слатко-кисел сос).

 

ПС.одлични се во комбинација со бело вино,свеќи и тивка музика....

Добар апетит