Алва со гриз, маргарин и брашно
Состојки
- 1чаша маргарин
- 1чаша брашно
- 1чаша гриз
- 3чаши шекер
- 4чаши вода
Подготовка
Маргаринот се става да се стопи и во него се истура брашното и гризот да се подпржат. Шеќерот се става со водата да се растопи да зоврие и така врел се истура во пржените брашно и гриз и се меша да се соедини. Смесата се истура во калап или во тепсија, а потоа се ваѓаат калапи по желба.
Многу е брза, вкусна и едноставна по состав. Маргаринот може да се замени со зејтин, а брашното со гриз, ама мене оваа комбинација ми е најдобра