Испечати

Брз овошен колач со пудинг и бисквити

Брз овошен колач со пудинг и бисквити

Состојки

  • Бисквит
  • 300 гр бисквити
  • 100 гр путер
  • 1 лимон сок од лимон
  • 100 гр кокос
  • Фил
  • 800 гр овошје( јас ставив смокви,праски,сливи и грозје)
  • 200 гр шеќер
  • 150 мл вода
  • 2 пудига од ванила

Подготовка

Се кршат бисквитите на поситни парчиња .Сокот од лимонот се додава во бисквитите и растопениот путер.Додадете го и кокосот и се добро замесете.Смесата ставете ја во калап за торта(види слика)
Фил
Се сецка сето овошје и заедно со шеќерот се става да се вари.Варете да добиете хомогена смеса како за слатко. ( јас го варев околу 20 мин) Пудингот растворете го во водата и додадете го во овошјето и варете да се згусне пудингот.Така топол полијте го врз бисквитното тесто,оставете да се олади.Може да го филувате по желба,но јас го оставов вака по вкусно ми е.
Одличен колач за летните денови доста освежува.
Добар апетит