Испечати

Бакнежот на Грета Гарбо

Бакнежот на Грета Гарбо

Состојки

  • 2 чоколада за готвење
  • 100 мл млеко
  • 100 гр шекер
  • 2 лаж мармелад од кајсии
  • 30-40 вишни
  • 50 мл рум
  • 300 гр мелени ореви
  • 200 гр мелени бисквити

Подготовка

Го најдов рецептот одамна во еден број на Храна и вино и од тогаш овие слатки бомбици се неизбежен дел на моето мени за прослави, а од каде го добиле името не знам, можеби затоа што кога еднаш ќе ги пробаш никогаш нема да ги заборавиш,како што Грета Гарбо е незаборавна...
Значи најпрвин вишните се чистат од семките и се потопуваат во румот да отстојат околу 1 час. Се цедат во сад и течноста што останува се трга на страна. Чоколадите се топат на оган со млекото и шеќерот, им се додава течноста од вишните и се тргнуваат од оган. Се додава мармеладот, оревите и бисквитите. Се меша убаво (смесата ќе биде малку мека ). Се зема од смесата се прави топче со големина на орев, се сплескува на дланката, во средината се става вишна и се оформува бомбица. Се редат во хартиени корпички, па се декорираат со растопено бело чоколадо.