Шпанска тортиља и гаспачо
Состојки
- 2- 3 поголеми компири
- 1 голема главица кромид
- 1 пиперка
- 4-5 јајца
- на вкус сол
Подготовка
Припрема
1.На малку повеке зејтин ставете заедно да се пржат - динстат кромидот и пиперката. Кога омекнале, додајте ги на тенки кругови исечените компири и заедно продолжете да ги тивко пржете. Компирот треба да биде омекнат, а никако испржен како што пржиме помфрит. Исцедете го зејтинот.
2. Сматете ги јајцата и додадете ги во тавата, нека се пече од едната страна. Поклопете со тањир и превртете ја тортиљата на тањирот и лесно вратете ја пак во тавата за да се испече од другата страна.
Пријатен апетит!
НАПОМЕНА
Ако сакате полнета тортиља, а да нарасне како би се секла на половина и внатре да се стави лист марула, патлиџан, краставица... тогаш ставете онака од око - примерно 1 лажичка пециво.
Доколку пржите во Делимано тавата, не ви треба многу зејтин, а и тоа малку што ќе го ставите после исцедете го и печете без зејтин, како од едната страна така и од другата страна. Многу лесно се превртува и враќа назад.
Јас ваква тортиља служам или со јогурт или со Гаспачо кој исто така лесно се спрема.
ГАСПАЧО
По ваша процена во блендер ставете црвен домат, краставица, мала главичка кромид, пиперка, изблендирајте, прецедете, осолете, додајте коцки лед... и Наздравје!
Оваа тортиља која ја гледате на фотографијата е спремана во Делимано садот за сос бидејки е најмал, а требаше само една тортиља и е само со 2 мали јајца. Ставив повеке зејтин - но не требало.