Испечати

Маринирана скуша на скара

Маринирана скуша на скара

Состојки

  • 6 парчина скуша
  • 1 чаша јаболкова киселина
  • 3 чаши вода
  • 1 главица лук
  • 1 лимон
  • 4 ловорови листа
  • 1 китка магдонос
  • 3 лажици јадра сол

Подготовка

1. На скушите им се сечат главите и опашките, се сечат надолжно на половина. Убаво се мијат и се редат во караваче.
2. Се прави маринада од јаболковата киселина, водата, лук исецкан, лимонот исецкан на кругови, ловоровиот лист, половина китка магдонос и јадра сол. Се прелеваат скушите и се ставаат да стојат во фрижидер цела ноќ.
3. Другиот ден се печат на скара. Во текот на печењето се преливаат со масло на страната на која нема кожа. Пред вадење се посолуваат со малку сол и црн бибер. Откако ќе се извадат на страната која нема кожа се става лимонов сок и ситно сецкан магдонос.