Испечати

Кускус со стек и зачини

Кускус со стек и зачини

Состојки

  • Сос со стек
  • 500 гр стек
  • 2 гравици кромид
  • 4 зелени пиперки
  • 2 домати
  • 4-5 големи печурки (шампињони или шитаке)
  • Кускус
  • 250 гр кускус
  • 250 мл вода
  • 1 лаж сол

Подготовка

Стекот се вари и во водата се става сол, вегета и кари. Потоа сварениот стек се сецка на ситни коцки и се пропржува на зејтин и во него се додава иситнетиот кромид. Одкако ќе се пропржи се додаваат пиперките, потоа доматите и на крај печурките. Одкако ќе се издинстаат состојките, се додаваат кршени бадеми, ким, ѓумбир, ленено семе, оригано, босилок, кари, сол, вегета, црн бибер!

Кускусот се подготвува многу едноставно.  За него може да се искористи и течноста каде што се варел стекот.
Водата се вари и се трга од оган. Потоа во неа се додава кускусот и одстојува околу 2-3 минути. Потоа се загрева масло и малце се пропржува кускусот за да се одвојат зрнцата.

Се сервира така што кускусот се става прво, потоа врз него сосот со стек. Може и да се измешаат состојките.

Пријатен апетит!