Шпагети со сос од домати , мелено месо и печурки
Состојки
- прелив
- 600 грама мелено месо
- 3 големи домати ( или околу 8оо грама)
- 2 главици кромид
- 7 лажици зејтин
- 1 лажица сол
- 1 лажичка вегета
- 1 лажица зачин за гулаш ( ако сакате)
- 1 лажица брашно полна
- 200 грама шампињони
- 1 лажичка не полна црн бибер
- тестенини
- 1 пакетче шпагети
- 10 грама маргарин
- 100 грама сирење
- 50 мл мајонез
Подготовка
Ги лупиме доматите и ги сецкаме на ситни коцкички. Кромидот го сецкаме на ситно и го запржуваме малку да зарумени. Го додаваме месото и зачините и пржиме околу десетина минути. Печурките дел ги сецкаме на поситно, дел ги оставаме поголеми парчиња. Ги додаваме во тавата и малку ги запржуваме со месото. Потоа ги додаваме доматите.
Сосот го динстаме околу триесетина минути на потивок оган. Го раствораме брашното со малку вода, внимавајки да нема грутки и го истураме во сосот. Сосот врие уште околу 5 минути и го тргаме од шпоретот. За густината оценете сами како ви се допаѓа, погусто или поретко.
Шпагетите ги вариме во врела вода со малку сол.Кога се сварени ги миеме со студена вода. Во тавичка го растопуваме маргаринот, ги истураме шпагетите. Додаваме прстофат сол, ги промешуваме и тргаме настрана. Шпагетите ги ставаме во чинија, преливаме одозгора со сосот, рендаме сирење и по желба додаваме и од мајонезот.
Овој рецепт е од мојата сестра која живее во Холандија и кога ни се на гости обавезно се спрема ова јадење. Се надевам дека ке ви се допадне овој рецепт. На нас дома ни е омилен. Добар апетит.