Бриош со чоколадо
Состојки
- тесто
- 600 гр брашно
- 200 мл млеко
- 20 гр квасец
- 100 гр шекер
- 100 гр стопен маргарин
- 2 јајца
- 1 рамна лажичка сол
- 2 ванили
Подготовка
Случајно барајки низ сајтовите за рецепти, го најдов овој прекрасен рецепт за бриоши, вистинска љубов на прв поглед...имаше 2 рецепти со 2 различни начини на мотање, а тестото тукуречи исто така да јас си го направив едното тесто, а ги пробав двете идеи за мотање(така да го наречам).
За тестото квасецот се топи со 50 мл млеко му се додава 1 лаж шеќер и 1 лаж брашно и се остава да стаса. Во меѓувреме во сад за месење се става брашното, солта, шеќерот, маргаринот, јајцата и се додава на крај стасаниот квасец.
Се замесува тесто со млекото(млако) и се остава да се одмори. Кога стаса тестото си направив од него 12 топчиња помали да бидат, секое топче се расукува во круг едната страна се премачкува со стопено чоколадо и се преклопува со другата половина. Со нож се сече половината по должина на три ленти кои се мотаат секоја посебно во ролат. Се доближуваат една до друга и се редат во калап за мафини претходно намачкан со маргарин.(како на сликите).
Истото се прави со останатите 11 топчиња.
Од другото тесто се сука кора и со модла цвет се вадат цветчиња, секое цветче се дипли на пола па уште на пола. По три четвртинки се редат во калап за мафини. Во средината се става по една коцка чоколадо и се остават да стасат. Откога ќе стасаат и двата вида бриоши се печат во загреана рерна на 200 околу 20-25 минути. Се посипуваат со шеќер во прав и се разбира Бон Апетит!!!!