Палента и печурки
Состојки
- 200гр палента
- 1л вода
- 50гр пармезан
- 2 лажици сецкан магдонос
- 1/2 сецкан кромид
- 1/2 кг шампињони исечени на листови
- 2 чешниња лук
- 1 лажица путер
Подготовка
1. Сварете ја водата во тенџере и додадете сол и 1 лажица путер. Додавајте ја палентата и постојано мешајте со дрвена лажица за 5 минути. Потоа, се додава пармезанот, се меша и се става во подмачкано со путер округло тепсивче. Оставете ја да олади.
2. Во меѓувреме, на маслиново масло запржете го кромидот, додадете ги печурките, лукот и оставете ги да пржат додека не испари водата.
3. Додадете магдонос, сол, и бибер. Измешајте го и тргнете го на страна.
4. Палентата исечете ја на четири триаголници, ставете ја да се запечи под горниот греач од рерната неколку минути или секој триаголник можете да го печите на тостер или на грил тава.
5. Севирајте ги со сосот од печурки.