Испечати

Ситни колачи-Афродизијак

Ситни колачи-Афродизијак

Состојки

  • 100гр. пуканки
  • 200гр. бела чоколада
  • 300гр. црна чоколада
  • 100гр. лешници
  • 100гр. бадеми

Подготовка

Пуканките мора да бидат зготвени и несолени,потоа се мелат пуканките,лешниците и бадемите.Посебно ставаме да се стопи во сад белото и посебно црното чоколадо.Во растопените чоколада ги додаваме пуканките,лешниците и бадемите со тоа што во темното чоколадо ставаме поголем дел бидејќи смесата е од поголема грамажа.Додаваме и малку цимет.Остатокот од лешниците.бадемите и пуканките како што рековме го додаваме и во белата чоколада.Смесата треба да биде хомегена,со тоа што во хартиени подметачи најпрво ставаме од белата,а одозгора до темната смеса.Се консумира откако ке се стврдне и олади.Подметачите може да се извадат бидејќи најдобро е да се сервираат во чинија.

За оние што сакаат поголем афродизијак може да се додаде шафран и малку чили.