Испечати

Кобасици во тесто

Кобасици во тесто

Состојки

  • тесто
  • 200 мл млеко
  • 200 грама брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка пециво ( во оригиналниот рецепт без пециво) по ваш избор
  • фил
  • 500 грама колбаси
  • 6 лажици зејтин

Подготовка

Овој рецепт го пронајдов во„ Кувар за секое домаќинство„од Драгиша Миловановиќ од 1981 година.

Ги сецкаме колбасите на парчиња големина по ваша желба или на кругчиња. Ставаме во тава за пржење зејтин и колбасите ги пржиме 5 минути. Со жица за матење ги матиме брашното, млекото солта и јајцата, убаво да нема грутчиња од брашното. Ги претураме пржените колбаси заедно со мрснината во која ги пржиме во плех за печење. Го истураме тестото врз колбасите.
Јас комбинирав 250 грама домашни и 350 грама колбаси за на скара, првиот пат кога ги спремав.
Вториот пат експериментирав со виршли, само за нив ви е потребно поголема количина зејтин бидејки се по посни. Првиот пат правев доза и пол, мислам на количината на брашното, млекото јајцата и печев во плех бр.30.

Печеме во загреана рерна на повисока температура првите 10 минути. Потоа ја намалуваме температурата и печеме уште 30 минути. Јас печев на околу 300 степени, па намалив на 250. Прилагодете ја температурата во зависност како ви пече рерната. Резултатот од овој рецепт беше одличен. Го јадевме топло, тестото беше крцкаво, имаше убав вкус поради двете врсти на колбаси. Вкусно е и кога се служи студено. Се надевам дека ќе ви се допадне овој рецепт. Добро оди со чаша јогурт или кисело млеко.
Добар апетит.