Фокација со кисела вода и ароматизиран зејтин
Состојки
- За тесто
- 300 мл. кисела вода
- 2 лажици стопен маргарин (може зејтин - а може и маст)
- 2 лажички сол
- 2 лажички шекер
- 20 гр. квасец
- 500 гр. брашно
- за прелевање
- 3-4 лажици аромтизиран маслинов зејтин
- количина по ваш избор маслинки
Подготовка
Фокации - превкусно ароматизирано лепче. Се прават во различни варијанти, различно додатоци- освен рузмаринот - може да се става и кромид, суви домати, па во форма на муфин-фокација и т.н.
Јас спремив фокација со кисела вода.
1. Се раствара квасецот и не се чека да стасува туку едноставно со сите состојки замесете тесто. Чекајте го да стаса.
2. Поделете тестото на два дела, на помастено тавче со маслинов зејтин оформете две фокации. Оставете да стасат.
3. Кога се стасани со прстите налегнете во тестото и направете дупки, ставете одозгора од ароматизираниот зејтин кој сте го помешале со киселата вода, наредете од маслинките но притоа налегнете ги. Попрскајте со една сол и печете.
Превкусни!
Ароматизиран зејтин
За фокациите секогаш користам ароматизиран маслинов зејтин кој го спрема така што количински не мерам- одокато е тоа, ставам во тегличка, додадам сецкан или рендан лук, рузмарин... при самата припрема на фокациите ги додадам таму и маслинките.