Пралини со крем сирење
Состојки
- 240 гр. бела чоколада
- 150 гр. крем сирење
- 2-3 лажици шекер во прав
- 1 лажичка течна ванила (може и шекер ванила), малку сок од лимон,
- 2 лажици слатка павлака
- малку овошје - малина, капина, портокал ...
Подготовка
Малку поинакви пралини.... бирајки од рецептите на мојата пријателка Зорица која ги постира на коолинариката... за да ја испочитувам за време на нејзиното шефување, ги правев токму овие пралини.... па повелете, за мене беа навистина поинакви од другите пралини...
1. Во микроталасна или на пареа стопете го чоколадото и со четка нанесете го по дното и зидовите на силиконските калапи за пралини (предходно беше тешко да се дојде до нив, но сега веке ги има и овде и достапни се за сите). Ставете го калапот во замрзнувачот за кратко време, извадете и повторете ја постапката.
2. Изматете го крем сирењето со павлката, па шеќерот и ванилата - се добива компактна крем смеса. Додадете овошје, јас ставив малина.
3. Калапот извадете го од фрижидерот и полнете ги веке оформените пралини, вратете повторно во замрзнувачот.
4. Останатото 120 гр. чоколадо исто така стопето го, извадете го калапот со пралините, прелејте ги пралините со чоколадото, со тупата страна од ножот израмнете и пак вратете во замрзнувачот.
5. Откако чоколадото е стегнато добро, внимателно извадете ги пралините и изненадување, предобра глетка, одлични!
Времетраењето на ставањето модла со пралини е сосема кратко, 5-10 минути е најдолгото време кога ги враќаме заедно со наполнетиот фил.Во другите постапки е сосема кратко.
Изборот на овошјето останува на вас.
Кога сакам да ставам портокал, тогаш користам црна чоколада.