Испечати

Банички модри домати

Банички  модри домати

Состојки

  • 2 модри домати
  • 150-200гр брашно
  • 1/2 китка магдонос
  • 1главичка лук
  • 50мл јаболков оцет или оцет од модри сливи
  • 1лажица сол
  • 200мл зејтин

Подготовка

Модрите домати се печат и се лупат. Се кинат по должина на парчиња и се редат на чинија. Се посолуваат и се валкаат во брашно од двете страни па се пржат на топол зејтин. Испржени се редат на чинија и така еден ред домати се насолува, па се напрскува со оцет и сецкано лукче, сецкан магдонос и се реди така додека не се потрошат сите. Вака подготвените домати се многу вкусни одкако ќе одстојат-да се оладат и може да послужат како добро мезе или како супер прилог кон некое месо. Многу се убави ако се полијат со оцето балсамико, ама бидејки сите го немаме дома и јаболковиот оцет е добар.