Полнети спирали со праз
Состојки
- 1кг брашно
- 2 јајца
- 250мл млеко
- 250 мл вода
- 100мл зејтин
- 1коцка свеж квасец
- 1лажица сол
- 1лажица шекер
- фил
- 3-4страка праз
- 1 белка + сирење по желба
- 200гр растопен маргарин или сало
Подготовка
Квасецот со една лажица шеќер се става во топлото млеко да стаса. Со веќе стасаниот квасец се замесува тесто кое треба да се остави да стаса.(да се одмори околу 30 минути.)
Од тестото се прават 18 топчиња кои се расукуваат во мали корички. Коричките се мачкаат со маргарин и се редат една над друга на 3 места по 6 корички. Последната кора не се премачкува.
Од трите кори со сукало се сукаат поголеми кори во големина на плехот во кој ќе се печат. Се става првата кора и се премачкува со маргарин растопен, а над неа се реди празот(или друг фил). Се става 2 кора и над неа фил од празот и се поклопува со третата кора. Корите убаво се израмнуваат, а потоа се сечат на ленти со ширина околу 2см и се виткаат како спирали. Се редат во подмачкан плех, стасуваат и се печат околу 30 мин на 200степени.
За овие спирали може да се користи фил по желба-сирење со јајца,салама со сирење, мелено месо, спанак и др. Јас го користев празот, а еве имам слики и од претходниот пат каде питата беше со салама и сирење и беше многу вкусна