Јајца во тесто
Состојки
- За тесто
- 2,1/2 до 3 чаши брашно
- 20 гр. квасец
- 1- 1/2 чаша вода
- по 1 лажичка сол и шекер
- За полнење
- 300 гр. сирење
- 4 јајца
- 4 лажици маргарин
Подготовка
Овој рецепт го посветувам на Клара, за нејзиниот јубилеј....
Инаку рецептот е права мамка за дечињата...интересно и никогаш не одбиваат да го јадат.И јас како децата затоа што им личело на око... си го нареков солено око...
Припрема
1. Растворете го квасецот и замесето не многу меко тесто. Оставете го да мирува и да стаса. (Количината на брашното си зависи и од самото брашно)
2. Кога е стасано, размесете и поделете на четири топчиња, растегнете го во форма на елипса. Врз вака добиената форма ставете од ренданото сирење, врз сирењето ставете по малку маргарин Подигнете ги краевите од тестото и преклопете ги...ке добиете слична форма на кајчиња. Скршете јајце и ставете го внатре во тестото. Оставете го уште малку да стаса и печете на 180-200 степена предходно загреана рерна.
ЗАБЕЛЕШКА
Чашата со која мерев е од 200 мл.
Јас обично изрендам сирењето и врз него исто така ставам рендан маргаринот. Овие се правени со сирење... што не значи дека неможете да ставете од она што го имате во фрижидер. И овој рецепт слична функција како и пиците... чистачи на фрижидерот.Можете да ги премачката и со јајце , па да посипете и со некое семе-сусам, ким, чурекот, ленено семе.... а во моментов сега како пишувам... си реков следниот пат ке ставам се што ставам на пиците.... и кечашпот и печурката овде ке се вклопат добро... а зошто пак да не и кашкавалот???
Клара... уживај овде на страницата и во наградата!!!