Испечати

Посен јаболков колач

Посен јаболков колач

Состојки

  • 1 чаша брашно
  • 1,1/2 чаша шекер
  • 1 чаша гриз
  • 2 лажички пециво
  • 10 јаболки
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 50 гр. маргарин
  • 1 чаша течност од компот (дуња, праска или кајсија)
  • 1 ванила
  • за посипување шекер во прав

Подготовка

Време на пости.... ленса припрема на овој колач, а уште полесно за јадење...
ПРИПРЕМА
1. Во излупените и изрендани јаболка додајте 1/2 чаша шекер, ренданата кора од лимот и циметот. Измешајте.
2.Измешајте ги брашното,пецивото, гризот и 1 чаша шекер.
3. Со маргаринот обилно намачкајте ја модлата во која ке печете, - размер 20/30
4. Напчолнете 1 чаша од сувата смеса (брашното, гризот, пецивото и шекерот) и равномерно распоредете по дното на модлата, па врз неа ставете 1 чаша од смесата со јаболката која исто така рамномерно ке ја распоредите, врз јаболката повторно ставете 1 чаша од сувата смеса, над ова исто така повторно 1 чаша од ренданите јаболка и завршувате со нанесување уштге на 1 чаша од сувата смеса. Потребно е сите слоеви да се рамномерно распоредени.
5. Течноста од компотот кој сте го избрале со ванилата ставете го да проврие, па залијте го колачот.
6. Вака спреманиот колач ставете да се пече во предходно загреана рерна на 170 степена околу 50 мин. Ивадете од рерна и оставете го да се олади.
1 чаша = 240 мл.
ЗАБЕЛЕШКА
Рецептот е напишан оригинал како и што ми е запишан, но јас понекогаш му правам измена додавајки во јаболката суво грозје и ореви... Кој не сака многу благо, слободно може да само една шачка шекер ја подели во двете смеси. Овој колач се служи добро оладен. Јас го правев навечер (кое нешто се познава и по квалитетот на сликите- навечер никако неможам да сликам, не умеам), - оладен го ставив во фрижидер, а наредниот ден го сечев.
Бидејки се пости... нека стои рецептот овде, можеби ке притреба на некој.
Нека ви е слатко!