Полнети патлиџани со мелено месо печени во рерна
Состојки
- 300 грама мелено говедско и свинско месо
- 17 не многу големи патлиџани
- 10 лажици зејтин
- 1 пиперка
- 100 мл кисело млеко
- 150 мл пресно млеко
- 1 главица кромид
- 2 јајца
- 1 лажица брашно
- 125 грама ориз
- 1 лажичка полна сол
- 1 лажичка полна вегета
- 1 лажичка зачин за полнети пиперки ( мој додаток) не мора
- 1 лажичка сув магдонос
- 1 лажичка ким
Подготовка
Овој рецепт го најдов во еден „ Кувар за секое домаќинство од Драгиша Миловановиќ од 1981 година.Оригиналниот рецепт е комбинација на полнети бабури и полнети патлиџани.Јас го правев со мали измени и додадов зачини по мој вкус,а можеби ке ви го презентирам и во оригиналната верзија наскоро.Патлиџаните 13 од потребните за полнење ги сечеме одозгора,и со мала лажичка ја вадиме внатрешноста .Ја сецкаме на ситни коцки и останатите патлиџани ги лупиме и сецкаме.Ја сецкаме на ситно и пиперката и кромидот.Исецканите патлиџани ги ставаме во тенџере ,ги полеваме со вода колку да ги облие и ставаме да вријат на тивок оган.додека малку не извријат.Оризот го миеме во две-три води и го цедиме.Во тава ставаме 7 лажици зејтин и исецканиот кромид и малку пропржуваме.Го додаваме месото ,пропржуваме малку и ги додаваме пиперката ,зачините и едно цело јајце.Добро промешуваме и тргаме од шпоретот. Ја уклучуваме рерната на 200 степени.Ги полниме патлиџаните,но не до самиот врв.Врз секој патлиџан ставаме по малку зејтин.Патлиџаните ги редиме во огноотпорен сад.Во тавичка го ставаме остатокот од зејтинот со брашното и малку го запржуваме,и го додаваме сосот од патлиџаните што претходно го спремивме .Промешуваме и го истураме врз полнетите патлиџани.Печеме околу 1 час.Матиме едно јајце ( во оригиналниот рецепт само белка) со киселото и пресното млеко ,додаваме прстофат сол .Петнаесетина минути пред да помине еден час го вадиме садот од рерна и го полеваме со јајцето и млекото , и печеме уште 15 минути.Ручекот беше одличен. Се надевам дека ке ви се допадне па затоа ви го препорачувам.Пријатен ручек.