РАТАТУЈ со домашно подготвен сос од домати
Состојки
- Основно
- 1-2 помали тиквички
- 1-2 модри патлиџани
- 4-5 домати
- За сосот
- 1 кромид
- 4-5 домати
- 1 пиперка
- 1-2 чешниња лук
- 4 лажици зејтин
- по вкус сол, магданос, малку босилек, бибер
- 1 лажичка шекер
- За посипување
- 1 ракатка магданос (повеке магданос)
- 1 пиперка
- 2-3 чешниња лук
- 3-4 лажици зејтин
Подготовка
Јас знам ова да си го нарекувам и Пинџур… но во поново време овој превкусен ручек од зеленчук каде што преовладува црвениот патлиџан, кој комотно можете да си го истопите со лепче, многу не ви треба вилушка… носи име РАТАТУЈ, па еве денеска како јас го спремив.
Припрема
1. Тиквичките, модриот и црвениот патлиџан исечете ги на кругови, посолете.
2. Во сад на зејтин ставете прво да го пржите ситно сецканиот кромид и лукчето- околу 2 мин. по што ке додадете ситно сецканата пиперка и продолжете да пржите уште 5 мин. по што ке го додадете ренданиот црвен патлиџан, магданосот, босилекот, солта, биберот и шекерот- исто така продолжувајки сето заедно да се пржи уште 5-6 мин. Тргнете од огнот.
3.Во садче ставете ги ситно исецканите магданосот, лукчето и пиперката – сето ова залејете го со зејтинот и оставете настрана.
4. Во садот подготвен во кој ке се прави овој Рататуј- прво истурете го сосот, врз него наредете ги исечените на кругови модар и црвен патлиџан и тиквичката. Откако сте наредиле- врз нив посипете ја смесата спремана од магданосот и лукот.
5. Ставете во рерната да се печи на 180-200 степени околу 60 мин.
Лепчето пред вас… и што да ви кажам, – Пријатен апетит!
НАПОМЕНА
Кој сака да е луто…пиперките ги ставаме лути, а некој ако не јаде луто комотно нека си стави благи пиперки.
Во сосот кој се спрема како подлога- можете да ставите и 1-2 лажици црно или бело суво вино и 2-3 лажици сос од патлиџан. Тоа останува на вас – а исто така е вкусно, но јас денес скржава и не сакав да отварам вино за таа мала количина – па ништо страшно, повторно убаво и вкусно.
Мора да признаете дека сепак домашно си е домашно.... не е со куповен сос.