Испечати

Кубети од рерна

Кубети од рерна

Состојки

  • 1векна стар ладен леб
  • 3лажици кечап
  • 1лажица зачинал
  • 1лажица оригано
  • 2лажици зејтин
  • 1лажичка црн бибер
  • 2 опција
  • 3лажици солило од сирење
  • 3лажици рендано сирење
  • 1лажица сув босилек
  • 1лажица рузмарим
  • 1лажица лут буковец
  • благи-слатки кубети
  • 1тегличка џем од вишњи,рибизли,малини
  • 5-6лажици шеќер
  • 1лажичка цимет или каранфилче

Подготовка

Лебот се сече на коцки, а потоа се меша со зачините.Смесата треба убаво да се измеша со раце за лебот убаво да упие од зачините, а потоа се суши во рерна околу 10-15 минути. Вака приготвените кубети се многу вкусни и од една векна излегуваат две тепсии така да може да се менуваат зачините по вкус.
Јас најчесто ги употребувам овие кубети за време на постот -се разбира без сирење а слатката опција е подеднакво добра и пробајте. Ова и не е некој рецепт, повеќе идеја која ми е побарана да ја објавам и во прилог на кубетите од микро еве за тие што немаат микро а и тие што сакаат повкусни, попечени кубети повелете!