Рафело бомбици
Состојки
- 500 мл млеко
- 4 лажици брашно
- 4 лажици густин
- 4 лажици шеќер
- 500 грама кокос
- 250 грама маргарин
- 250 грама шеќер во прав
- 100 грама цели лешници
Подготовка
1. Во тенџере на оган го ставаме млекото да се вари со брашното, густинот и шеќерот, постојано мешаме со дрвена лажица додека не се згусни. Го тргаме тенџерето на страна, откако ќе се излади додаваме 300 грама кокос, сето убаво го мешаме да се добие хомогена смеса и го оставаме пола час во фрижидер.
2. Со миксер го матиме маргаринот заедно со шеќерот во прав, откако убаво ќе го изматиме да биде пенест, постепено лажица по лажица ја додаваме претходно подготвената смеса и постојано матиме.
3. Од подготвената смеса се прават бомбиици, на средина во секоја бомбица ставаме по еден лешник и се брбелаат во останатиот кокос.