Тава со свинско месо и вино
Состојки
- 2 кг свинско месо сечено на коцки
- ½ чаша вода
- 1tчаша бело вино
- ½ лажиче оригано
- 1 лажиче кари
- 2 лажичина вегета
- 1 главица кромид
- 2-3 моркови
- 500 гр печурки
- 200-250 гр кашкавал
Подготовка
1. Месото се става во тава за печење, се додават вода, вино, црн бибер, оригано, сол, вегета и кари. Се покрива со фолија и се печи час и половина .
2. Додека месото е во рерна во тавче ги пржиме кромидот, морковите и печурките. Сето тоа го додаваме на месото, убаво промешуваме и го ставаме во рерна да се прави уште 20-25 минути.
3. Пред вадење се става рендан или исечен на тенки парчина кашкавал.