Ролнички од црни патлиџани во сос од домати
Состојки
- 1 многу голем црн патлиџан
- неколку лажици маслиново масло
- За полнење
- 250 гр Маскарпоне сирење
- 250 гр изварка
- 2 чешнина лук
- 1 рака ситно сецкан магдонос
- по вкус сол, бибер
- За доматен сос
- 5 - 6 големи многу зрели домати
- 3 - 4 лажици маслиново масло
- 1 лажичка шекер
- по вкус сол
- За одозгора
- малку меко жолто сирење
- малку оригано
Подготовка
Патлиџанот се сечи по должина на плочки дебели 5 - 6 мм. Се посолува и се остава да одстои, да ја испушти црната течност.
Се загрева рерната на 200 Ц. На плехот од шпоретот се става хартија. Плочките патлиџан се бришат, се редат на плехот и се попрскуваат со масло. Се печат додека не омекнат и добијат малку боја.
Во еден средно голем сад се мешаат двата вида сирење, протиснатиот лук, магдоносот, солта и биберот.
За доматниот сос се лупат доматите, се сецкаат на коцки и се пржат на силен оган да испари водата, се додава маслото, шекерот и сол по вкус. Се допржува да се добие густ сос. Ако сакате можете да додадете и други зачински тревки.
На секоја плочка патлиџан се става од филот и се витка ролничка.
На дното на не многу голем керамички сад се ставаат неколку лажици доматен сос.
Се редат ролничките една до друга, се прелеваат со преостанатиот сос од домати.
Одозгора се редат украсно плочките сирење, се наросува оригано и се печи во рерната на 200 Ц додека сирењето не се растопи и не се затопли цела содржина во садот.
Убаво е и топло и ладно.