Испечати

Бајадера

Бајадера

Состојки

  • 500 гр шеќер
  • 500 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 175 мл млеко
  • 300 гр путер
  • 1 лажица какао
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо
  • глазура
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажички маргарин
  • 1 лажица масло

Подготовка

Млекото, шеќерот и путерот се ставаат на рингла да зовријат и садот веднаш се трга на страна.
Во врелата течност се додаваат бисквитите и оревите и добро се промешува со дрвена лажица.
Смесата се дели на 2 дела. Во едниот се додава белото стопено чоколадо, а во другиот црното и какаото. Во погоден сад, одприлика 20х30 (можи и малку поголемо) прво се расплескува црниот дел во дебелина од 1 прст, па потоа белиот.
Се остава кратко во фрижидер, додека се спреми глазурата, за која чоколадото, маргаринот и маслото се топат на пареа и со неа се глазира колачот.
Се остава добро да се излади и стегни и потоа се сечи на штангли (одприлика 4х2)
Сладете се и уживајте!