Видео рецепт: Пилешко во панцета со пире од компир и песто
Еве една идеја за рецепт кој можете да им го сервирате на пријателите за да ги импресионирате! Сочни пилешки гради замотани во солени и вкусни тенки парчиња панцета. Изгледа извонредно. Има извонреден вкус и лесно е како песна.
Состојки
- 2 парчиња пилешки гради
- 16 парчиња панцета
- 3 големи компири
- 50 грама путер
- 100 милилитри млеко
- Полна рака босилек
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Ставете ги парчињата панцета на даска за сечкање наизменично на обете страни и потоа ставете ги пилешките гради на средината. Замотајте ги парчињата панцета околу пилешкото.
Потоа ставете ги пилешките гради во рерна на 150 степени 22 минути.
Чекор 2: Излупете ги и исечкајте ги компирите, и потоа ставете ги во жешка вода да се варат. Варете ги најмалку 20 минути додека да станат многу меки за пасирање подоцна.
Чекор 3: За да го направите пестото, едноставно ставете ги листовите босилек во чинија. Потопете ги во маслиново масло и изблендирајте. Ова не е типичен рецепт за песто, но ќе ни ги даде вкусот и бојата кои ни требаат за компирите.
Чекор 4: Исцедете ги компирите и спремни сме за пасирање. Ставете ги путерот и млекото заедно со пестото и почнете да ги гмечите компирите за да добиете богато креместо пире. Треба да се уверите дека компирите се меки пред да почнете со пасирање.
Чекор 5: Време е за сервирање: Ставете обилна количина пире во чинија и во средина ставете ги пилешките гради замотани во панцета. Овде ставаме малку моркови како прилог.
СОВЕТ: Ова е навистина едноставен и елегантен начин за сервирање пилешки гради. Панцетата му овозможува на пилешкото да остане сочно и спречува негово сушење за време на подготовката. Додавањето вкусови на пирето од компири е одлична идеја и можете да се обидете со што сакате!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет за пица ; Сад за сос