Испечати

Терин со лотус кекси

Терин со лотус кекси

Состојки

  • 250 гр лотус кекси
  • 80 гр путер
  • 400 гр црно чоколадо
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

Павлаката, заедно со путерот стопете ги и пред да зоврие тргнете ги од огнот и ставете го чоколадото да се стопи.
Во смесата ставете ги искршените бисквити, не на многу ситни парчиња, промешајте и смесата турете ја во некој долгнавест калап кој претходно ќе го обложите со фолија.
Ставете го калапот во фрижидер неколку часа. Готово!

Служете со сладолед, мене така ми е најубаво, или пак како ви е желба.
Овие бисквити се карамелизирани и спојот со чоколадото дава посебно задоволство.
Рецептот е од уна64, членка на една друга страна за готвење.