Ресана колач
Состојки
- Пандиспањ*
- 9 белки
- 9 лажици шекер
- 9 лажици брашно
- половина пециво
- 200гр сечкани ореви
- Фил*
- 20 лажици шекер
- 750гр млеко
- 3 пудинга од ванила
- 9 жолчки
- 250гр маргарин
- 150мл млеко за прелив
- 18 парчиња ресани
Подготовка
Овој колач ме освои со првото залаче.
Пандиспањ*
Се бијат белките со 9 лажици шеќер и се додава 9 л.брашно и пецивото.На плехот 24Х30 се става хартија, а врз неа се ставаат сечкани ореви и врз нив тестото. Се печи на 200ц 25мин.
Фил*
Се прави карамелот од 20лаж. шеќер и кога е стопен се додава млекото, 3 пудинга од ванила и 9 жолчки. Се лади. Посебно се мати маргаринот и шеќерот и се меша со оладениот крем.
Тестото кога е оладено се превртува, долниот дел од што е со оревите се врти горе и се полива со млеко и се остава да се впие. Потоа колачот се филува со половина од кремот, па врз него се ставаат ресаните макнати во млеко и врз нив пак кремот. Озгора сакате чоколада, ореви шлаг или.....по желба.
Најдобро е пандиспањата да се остави во истиот плех и во него да се филува.
Колачот е совршен за било која пригода.
ПРИЈАТНО!!