Испечати

Верона торта

Верона торта

Состојки

  • тесто
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно полни
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 100 грама Верона наполитанки
  • 100 грама суво грозје
  • 1 лажица зејтин за подмачкување на плекчето
  • фил
  • 1 шлаг крем од ванила
  • 125 мл млеко
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лимон

Подготовка

Најпрвин ги кршиме Верона наполитанките на ситни парченца. Ја загреваме рерната на 200 степени, подмачкуваме плех број 26, со зејтинот и малку брашно.
Ги матиме убаво јајцата со шеќерот и ги додаваме пецивото, ванилата , брашното и исцедениот сок од половина лимон. Мешаме со дрвена лажица и ги додаваме наполитанките и сувото грозје. Промешуваме малку за да се измешаат состојките. Ја истураме смесата во плекчето и печеме 20 минути на 200 степени или зависно од јачината на шпоретот.

Додека се пече пандишпанот го припремаме шлаг кремот. Го ставаме шеќерот, шлагот и млекото во длабок сад и добро матиме за кремот да добие цврстина. Го оставаме во фрижидер. Кога е испечена кората, чекаме добро да се излади и ја премачкуваме тортата, декорирајки по желба. Ја оставаме малку во фрижидер да се излади.

Може да ја посипете и со кокос или по ваш избор. Идејата за оваа торта ми дојде барајки по кујната нешто за заблажување, налетав на наполитанките, решив да експериментирам и навистина не се покајав. Тортичката испадна мала, ама вкусна и затоа нареден пат ќе се прави дупла доза. Ви ја препорачувам, се надевам дека ќе ви се допадне. Добар апетит.