Видео рецепт: Похувани лигњи со мајонез, лимон, лук и магдонос
Состојки
Похуваните лигњи секогаш Ве потсеќаат на времето поминато на плажа. Свежа морска храна од вода право во чинија. Сега е релативно лесно да се најдат смрзнати прстени од лигњи, или пак цели лигњи во продавница и еве еден брз и забавен рецепт кој можете да го пробате дома.
Состојки
- 6-8 цели лигњи
- 150 милилитри пиво
- 115 грама брашно
- Масло за пржење
- Мајонез
- Една рака магдонос
- Сок од половина лимон
- 2 чешниња лук
- Сол
Подготовка
Чекор 1: За да ја направиме смесата за похување го сипуваме студеното пиво во брашното и мешаме додека да стане мазна и без грутки. Тоа ќе биде смесата за похување на лигњите.
Чекор 2: Исечкајте ги лигњите на прстени. Целите лигњи секогаш се чинат посвежи и полесни за работа од купените прстени од лигњи, но за овој рецепт одговараат и прстени од лигњи.
Чекор 3: Покријте ги прстените со брашно, а потоа потопете ги длабоко во смесата со пиво и ставете ги во загреаното масло во сос тавата. Повремено превртувајте ги лигњите додека се пржат за да добијат рамномерна боја и кога ќе добиете златна боја извадете ги и оставете ги да се исцедат на кујнска салфетка.
Чекор 4: За да го направите сосот, ставете го мајонезот во длабок сад, а потоа ставете ги и лимоновиот сок, исечканиот лук и магдоносот. Убаво измешајте за да се спојат сите вкусови.
Чекор 5: Време е за сервирање: Сервирајте ги похуваните лигњи на чинија со мајонез во посебен сад… За крај посолете ги лигњите.
СОВЕТ: Постојат многу начини за импровизација на овој рецепт со додавање зачини во смесата за похување. Овој рецепт секако можете да го пробате и со дагњи, ракчиња или други видови школки и морска храна. Правењето ароматизиран мајонез е забавен и лесен начин да ги дополните Вашите јадења.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сад за сос