Штипско ќофте
Состојки
- За кофтето
- 500 гр. мешано мелено месо
- 2 јајца
- 50-60 гр. ориз
- по вкус зачини - бибер, сол, вегета, магданос, малку лук,малку црвен пипер
- За сос
- 1/2 глава кромид
- 3 лажици брашно
- 3-4 патлиџани
- по вкус бибер, вегета,магданос, лукче,
- За панирање
- 2 јајца
- 5-6 лажици брашно
Подготовка
Подготовка на кофтето
1. Подварете го прво оризот, но да е полуварен.
2. Додадете во месото оладениот полуварен ориз, додајте 2 јајца, зачините кои вие сте ги одбрале, измешајте, направете ќофтиња во големина која вие ја сакате.
3. Сматете ги останатие 2 јајца и секое ќофте прво увалкајте го во брашното, па во јајцето и пржете ги на зејтин.
4. Откако сте ги испржиле сите ќофтиња, во истиот зејтин здробете или изрендајте кромид, ставете во истиот зејтин да се пржи заедно со брашното. Кога кромидот ќе добие зацрвенети ивици значи и брашното е испечено, залејте со вода да добиете не многу густ сос, додадете го изренданиот патлиџан, зачинете и оставете да проврие.
5. Истурете во тавче сосот кој што сте го добиле, додадете ги готовите ќофтиња и ставете во рерна да крчка. Кога сосот веќе изврел скоро до половина и ја добил саканата густина - извадете од рерната.
Тоа е се и ми останува да ви посакам пријатен ручек.
Ова е од бабините рецепти. Јас го знаев како Штипско кофте, а откако почнав да буричкам и јас по кујнат наидов на еден мноооогу сличен рецепт само носи име Паша ќофте... за мене е скоро исти.
После сите силни слатки рецепти што ги изнапишавме, ај да ручаме нешто.
Годи и винце и пивце, нормално дека е и салатата добродојдена од свеж зеленчук.
Ова е мојот денешен ручек, но спреман за двајца, па затоа количините намалени.