Видео рецепт: Палачинки со цимет, праски и малини
Состојки
Праските потпечени во грил тавата се одлична летна идеја за тие да добијат боја и вкус. Овде ги спојуваме со сос од малини и мали Американски палачинки со вкус на цимет.
Состојки
- 130 милилитри млеко
- 60 грама стопен или омекнат путер
- 5 кафени лажички ванилин шеќер
- 1 супена лажица цимет
- 100 грама брашно
- 3 праски
- Полна рака малини
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте ги праските. Ги отсекуваме закривените краеви за да добиеме рамна површина за потпекување.
Чекор 2: Загрејте ја грил тавата додека да се вжешти и потоа ставете ги праските со месестиот дел надолу. Можете да ставите и малку масло на површината на тавата за праските полесно да добијат воја. Печете ги додека да добијат боја и додека да се појават линии на праските. Повремено превртувајте ги.
Чекор 3: Ставете ги малините во тенџере со вода и шеќер. Овде користиме ванилин шеќер за да го засилиме вкусот. Крчкајте ги на среден оган околу 8-10 минути додека малините да се разварат и сосот да се згусне.
Чекор 4: Време е за палачинки: Во брашното ставете млеко, омекнат путер и шеќер и убаво измешајте. На крај ставете го циметот. За палачинките да нараснат кога ќе ги пржите, ставете малку прашок за пециво.
Земете ја Делимано тавата за палачинки и намачкајте ја со масло, а потоа во неа ставете мали палачинки. Свртете ги по неколку минути. Овде нѝ требаат лесни и мали палачинки кои подоцна ќе ги користиме како основа за овошјето.
Чекор 5: Време е за сервирање: Ставете 3 палачинки во чинија. Врз секоја палачинка ставете по една праска и на крај прелијте ги со згуснатиот сос од малини. Можеби треба да ставите малку шеќер во прав или мед одозгора зашто малините можат да бидат горчливи.
СОВЕТ: Потпечените праски можат да бидат одличен додаток на секое јадење. Пробајте ги во салата со пилешко и јоргованче или замотајте ги во парма шунка и сервирајте ги како предјадење!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава; Сад за сос; Тава за палачинки