Испечати

Куглов ала Емма

Куглов ала Емма

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша зејтин
  • 1/2 чаша бело брашно
  • 1/2 чаша органско брашно-пченица спелта
  • 1 пециво
  • 1 лажиче хималајска сол
  • 1 чаша сецкан варен морков
  • 1 чаша сецкано варено цвекло
  • 1/2 чаша дробено сирење
  • 1/2 чаша сецкан магданос

Подготовка

Се матат 4 јајца со 1 лажице сол.
Брашното се меша на страна со пецивото.
Откако убаво ќе се изматат јајцата, се продолжува да се меша со лажица и се додаваат јогуртот, зејтинот и брашното.
Потоа се додаваат морковот, цвеклото, сирењето и магданосот.
Смесата се става во подмачкан плех-куглов.
Се пече 25-30 минути на 220 степени.
Пријатна вечера!
Наместо магданос знам да си додадам спанаќ или зелје.