Испечати

Солени бомбици со маслинки и кашкавал

Солени бомбици со маслинки и кашкавал

Состојки

  • тесто
  • 1 квасец
  • 2 жолчки
  • 1л шекер
  • 1 л сол
  • 500 мл млеко
  • 1 филџан масло
  • по потреба брашно
  • други состојки
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 200 гр црни маслинки
  • 150 гр маргарин
  • 100 гр презла

Подготовка

Квасецот се става во чаша со малку млеко да стаса.
Откако ке стаса во длабок сад се додаваат двете жолчки, 1 л шеќер, 1л сол, млекото, 1 филџан масло и брашно по потреба. Брашно да се става по малку и тестото да се замеси помеко.(од искуство ова е пишано).
Откако ќе се замеси тестото, се остава да отстои малку, а за тоа време во длабок сад се ренда кашкавалот, а во друг сад се сечкаат маслинки.
Откако ќе стаса тестото се зема од тестото, се кинат мали топчиња.
Секое топче се расукува, се става по малку од ренданиот кашкавал и од сечканите маслинки и се затвора топчето.
Така направени сите топчиња се валкаат во растопен маргарин и во презла и се ставаат во плекче да се печат во рерна.
Овие солени бомбици можат да се служат како предјадење, појадок или како убаво мезе за гости...