Видео рецепт: Маринирана риба со кора од билки
Состојки
Ова е помалку необичен рецепт бидејќи процесот на подготовка ќе го започнеме со маринирање на рибата во лимонов сос и маслиново масло, а потоа врз неа ќе направиме кора од вкусни билки и презла. Превкусен летен ручек кој оди одлично со чаша студено бело вино.
Состојки
- 8 мали свежи бели рипчиња
- Презла
- Магдонос
- Листови зелена салата
- 4 кришки бел леб
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Можете да го замолите продавачот во рибарницата да го стори тоа за Вас, но рибата мора да биде исчистена од утробата, главата и крлушките и отворена како филети во 1 парче. Со внимателно вадење на р’бетот би требало да излезат и повеќето коски.
Чекор 2: Почнете го процесот на подготовка со цедење на сокот од лимон врз рибата и потоа прелијте ја рибата со маслиново масло. Киселината ќе почне да го стврднува месото од рибата.
Чекор 3: За да ја направиме кората од билки, мелеме чиабата леб заедно со свеж магдонос. Добиваме прекрасна зелена презла за рибата.
Чекор 4: Ставете обилна количина презла врз сите рибини филети. Ставете ги во рерна под решетката околу 5-6 минути или додека презлата да почне да заруменува. Долната страна на рибата ќе продолжи да се пече од топлината.
Извадете ја рибата и спремни сме за сервирање.
Чекор 5: Време е за сервирање: Ставете неколку кришки потпечен леб на чинијата, а потоа и неколку листови зелена салата, и на крај ставете една или две риби на секоја кришка леб. Пријатен апетит!
СОВЕТ: За овој рецепт можете да употребите било кој вид мала бела риба, но уверете се дека таа е свежа. Сардините се најдобри, но одговараат и други видови. А зошто во смесата за презла да не ставите и друга комбинација на билки и зачини?
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет за пица