Испечати

Ракчиња во сос од портокал

Ракчиња во сос од портокал

Состојки

  • 500 гр Ракчиња (исчистени)
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 лажица лук ( испасиран )
  • 1 портокал ( сокот и кората )
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица ѓумбир ( рендан)

Подготовка

Маслиновото масло се додава во тавата.
Се додаваат исчистените ракчиња.
Се динстаат и пропржуваат ракчињата на секоја страна по 2-3 минути и се тргаат на страна.
Во истата тава каде што се пропржија се додаваат, испасираниот лук и изреданиот свеж ѓумбир.
Се пржат кратко околу минута додека не пуштат арома.
Се додаваат сокот од портокал, малку од кората на портокалот, медот, соја сосот.
Се промешува добро сосот за да се спојат сите течности.
Гответе до саканата густина и на крај зачинете со хималајска сол и бибер.
Пријатен ручек!

Јас скоро секогаш си додавам свеж магдонос на крај, ми се допаѓа на вкус, а и за око е поубаво,се сложувате..нели.