Тикварник
Состојки
- 2 кг очистена тиква
- 1,5л млеко
- 500 грама шекер
- 1 чаша ориз(околу 100гр)
Подготовка
Подготовка.Најпрвин се зема исчистената тиква, се сецка тиквата на ситни коцки. Се зема тавчето во кое ќе се готви тиквата и се става половината од тиквата се распоредува по тавчето.
Потоа се зема оризот, претходно измиен се распоредува врз тиквата и се додава другата половина од тиквата и се распоредува по оризот. Се става шеќерот во тенџере да се растопи како за карамел да добие убава боја и се додава млекото. Се вари додека да се стопи шеќерот, потоа со овој прелив се полева тиквата. Вака подготвена тиква се става во загреена релна на 250 степени. Треба да вари умерено. По потреба температурата се намалува на 200 степени. Во текот на варењето еднаш со лажица се натиска површината на тиквата.