Ликер од кафе
Состојки
- 1 литар црвено вино
- 3 чашки жолта ракија
- 300 грама шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 30 зрна кафе
Подготовка
Состојките се мешаат и се оставаат 24 часа на ладно и темно (фрижидер) и се мешаат постојано додека не се раствори шеќерот! Наредниот ден се процедува, за да се одстранат кафето и каранфилчето од ликерот!
Се послужува како ладен напиток!
На здравје!