Испечати

Паприкаш од свежи печурки ( буковки) и шницли од ориз

Паприкаш од свежи печурки ( буковки) и шницли од ориз

Состојки

  • 500 грама буковки
  • 150 грама ориз
  • 3 главици кромид
  • 2 лажици оцет
  • 1 лажица сол
  • 60 -80 мл зејтин
  • 1 лажичка вегета
  • 150 грама брашно
  • 1 лажичка црвен пипер

Подготовка

За подготовка на денешниот ручек користев свежи буковки. Најпрво ги ставив во подлабоко тенџере со повеќе вода, се додава малку сол и 2 лажици оцет. За да омекнат добро, ќе ви треба околу половина час да вријат на средна температура. Потоа се цедат и по желба или се сецкаат или можете да ги кинете на тенки парченца по должина.
Го сецкаме кромидот и го пропржуваме додека малку да зарумени и ги додаваме печурките. Додаваме зачини и на потивок оган пак ги пржиме печурките. Буковките се малку потегави од другите видови печурки затоа треба повеќе време за спремање.
Од време на време додавав и по 100 мл вода за добро да се издинстаат буковките. Се додава црвениот пипер и две лажици брашно. Додавате и околу 200 мл вода, промешувате. За густината на паприкашот треба да внимавате да не е многу чорбесто може да има малку сок.

За шницлите:
Оризот првин ќе го сварите, ќе почекате да се излади. Додајте полна лажица брашно, црн бибер и сол по вкус. Се прават мали шницли. Секоја се увалува во брашно. Се пржат во врел зејтин.
Јас паприкашот и шницлите ги спремав во диеталниот сад и затоа ми требаше многу малку зејтин. Паприкашот и шницлите му се допаднаа на моето семејство, се надевам и на вас. Добар апетит.